недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 52
home Хроника

Рестриктивните мерки ги зголемија и бројот на семејно насилство во Македонија

Рестриктивните мерки ги зголемија и бројот на семејно насилство во Македонија

Кризата со коронавирусот ја намали социјалната дружба и ги испразни улиците, но го зголеми семејното насилство во целиот свет, вклучително и во Македонија.

Дека домот стана не толку безбедно место за жртвите кои карантинските денови ги поминуваат затворени во четири ѕида со насилниците од нивните семејства покажуваат и податоците од Министерстовот за внатрешни работи според кои само во периодот од 12 март до 12 април биле поднесени вкупно 310 поплаки од жртви до полицијата, број кој е за 32% поголем за разлика од истиот период минатата година.

Најголем дел од нив доаѓаат од Битола, потоа Штип и Велес, а најзначително зголемување е забележано во Скопје.

Но, податоците укажуваат дека дел од жртвите поднеле поплака до полицијата, но потоа ја повлекле пријавата, поради што регистирано е намалување на бројот на кривични дела и прекршоци за семејно насилство во овој период.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека во Центрите на социјална работа нема зголемен број на пријави, но тоа не значи дека семејното насилство не е во подем..

-За очекување е да претпоставиме дека во вакви периоди сите оние кои се соочуваат со насилство не се сигурни дали институциите ќе постапат токму затоа постојано ги повикуваме и охрабруваме да постапат за да знаат дека инситуциите и службите функционираат и ќе направат се што треба да ги заштитат.

Насилството е чин на немоќ и го применуваат оние кои не можат на поинаков начин да се справат со одговорностите во животот, вели психологот Мирјана Јовановска Стојановска.

Пријавувањето во полицијата покажува дека тие бараат помош, помош за да им се помогне тие да ја разрешат ситуацијата, затоа што семејството или таа заедница не функционира доволно добро за да можат таму да ги решат проблемите. Ние би требало да имаме во нашите државни органи подобра соработка нели овие случаи кои биле во полиција да може да ги посетат социјалните служби и да види што навистина се случува таму во домовите, ама нашите социјални служби се оптоварени со други проблеми. Би требало да се направи една национална стратегија за сите засегнати организации и структури кои можат да помогнат тука, вели Мирјана Јовановска Стојановска .

Од МВР претходно информираа дека и за време на полицискиот час граѓаните кои сакаат да пријават кривично дело може тоа да го сторат во најблиската полициска станица, и дека за тоа не е потребна посена дозвола.

Коронавирус