вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Хроника

Ресенчанец испратил смс-пораки со лажна дојава за експлозивни средства во Охрид

Ресенчанец испратил смс-пораки со лажна дојава за експлозивни средства во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „лажно пријавување на кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од селото Горно Крушје, ресенско.

Пријавениот, во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе смс-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид.

На З.И. од надлежен судија му е одредена мерка притвор.

Коронавирус