четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Хроника

„Рено“ излета од пат, тешко повредена жена

„Рено“ излета од пат, тешко повредена жена

На 02.03.2021 во 08.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Кичево, во близина на крстосницата за с.Лисолај, патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(35) од с.Долно Оризари, битолско, излетало од патот, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Ц.(55) од Долно Оризари, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Коронавирус