сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 123
home Хроника

Регистрирани нерегуларности во повеќе градови: Од кинење и фотографирање на гласачко ливче до тепачки на изборни места

Регистрирани нерегуларности во повеќе градови: Од кинење и фотографирање на гласачко ливче до тепачки на изборни места
МИА

Во СВР Охрид околу 14,10 часот од претседател на избирачкиот одбор било пријавено дека на избирачко место бр.1884 во с.Октиси, струшко К.С.(67) од с.Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 17.10.2021 во 14,40 часот во СВР Битола К.Н. член на избирачки одбор 1446 во с.Мажучиште пријавил дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 17.10.2021 во 14,50 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле Н.С.( 62) од гостиварско Речане, поради сомнение за учество во меѓусебна тепачка со друго лице во гостиварско Речане, која се случила во дворот пред Основното училиште „Лирија“, каде било сместено избирачкото место 528.Се расчистува случајот.

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (17 октомври) околу 14 часот и 30 минути го лишиле од слобода 36-годишниот З.А. од Гостивар, кој се сомничи дека на избирачкото место број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Коронавирус