понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 62
home Хроника

Размонтирале трансформатор и украле бакарни намотки

Размонтирале трансформатор и украле бакарни намотки

Непознати сторители извршиле тешка кражба на делови од електричен трансформатор, откако претходно го симнале од столб во близина на Бунец.

Кражбата, вчера попладне, во полиција ја пријавил Н.М. (58) од Гостивар.

По извршениот увид било конататирано дека во месноста „Врбенски манастир“, непознати сторители прво се качиле на столбот висок пет метри, каде бил поставен трансформаторот, го демонтирале и потоа спуштиле на земја. Со погоден алат го отвориле капакот и одзеле повеќе бакарни елементи (намотки). Трансформаторот е сопственост на Јавната установа „Илинден“-Детско одморалиште Бунец,

Од СВР Тетово информираат дека се работи на откривање на сторителите и на утврдување на вкупната материјална штета и имотната корист со која крадците се стекнале.

Коронавирус