понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 80
home Хроника

Разбојник „олеснил“ аптека во Аеродром за 800 евра

Разбојник „олеснил“ аптека во Аеродром за 800 евра

Непознат сторител синоќа со закана со пиштол ограбил аптека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје.

Од МВР информираат дека сторителот со закана со пиштол, од касата го одзел дневниот промет од околу 50.000 денари и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус