вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 6
home Хроника

Разбојник му украл торба со пари од „Мерцедес“

Разбојник му украл торба со пари од „Мерцедес“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(50) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 21.06.2019 година околу 22:00 часот во с.Форино И.Е. извршил разбојништво над У.А.(38) од с.Желино, при што од патничко возило „Мерцедес“, сопственост на У.А., одзел торба со пари.