Во текот на вчерашниот ден во 17:30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, С.П.(49) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот на крстосницата на улица „Стрезово“ со улица „Илија Плавев“, четири непознати лица извршиле разбојништво над нејзиниот 17-годишен син, информираат од МВР.
Сторителите со закана со нож му одзеле мобиен телефон, по што побегнале.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
loading...