петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Разбојничка кражба во Тетово: Украле гардероба од бутик во трговски центар, па го нападнале обезбедувањето- еве ги деталите

Разбојничка кражба во Тетово: Украле гардероба од бутик во трговски центар, па го нападнале обезбедувањето- еве ги деталите

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ф.(18) од село Кондово, скопско, О.Р.(30) од село Матка, скопско и против О.Р.(18) од село Копаница, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба’’ и против З.И.(18) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично деко „прикривање’’.

На 15.02.2019 околу 20.50 часот во бутик во трговски центар во Тетово прво, второ и трето пријавените одзеле текстилна стока и се дале во бегство.

На излезот од трговскиот центар, вработен во агенција за обезбедување се обидел да ги спречи, но тие физички го нападнале и побегнале.

На 01.03.2019, соопшти денеска МВР, при претрес во домот на четвртопријавениот, била пронајдена текстилната стока која потекнува од кривичното дело, по што била вратена во бутикот.

Коронавирус