недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 32
home Хроника

Расчистено убиството во Кочани: Мажот во семејниот дом бил усмртен од синот

Расчистено убиството во Кочани: Мажот во семејниот дом бил усмртен од синот

Полицијата го расчити убиството кој минатиот месец го потресе Кочани. Иако првично се шпекулриаше дека по семејна расправија сопругата го усмртила мажот, ситуацијата епоинаква.

Кривична пријава му е поднесена на синот на починатиот кочанец, Д.С. (30) за сторено убиство.

-Пријавениот кривичното дело го извршил на 30.09.2019 околу 05.00 часот во семејниот дом на ул.„Климент Охридски“ во Кочани, при што со нож му нанел убодни рани во пределот на градите на неговиот татко В.С.(55), кој по кратко време од здобиените повреди починал. Претходно, Д.С. пријавил дека неговиот татко физички ја нападнал неговата мајка Н.С.(46)., информираат од МВР.

Д.С. е приведен, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.