четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 109
home Хроника

Расчистена тешка кражба во Скопје, приведено едно лице

Расчистена тешка кражба во Скопје, приведено едно лице

СВР Скопје – Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лиши од слобода Г.Љ. (47) од Скопје и расчисти кривично дело „Тешка кражба“, извршена во периодот од 07. до 17.07.2021.

Имено, осомничениот со патничко возило сопственост на фирма во која бил вработен, од катна гаража на бул.„Св.Кирил и Методиј“ одзел предмети и причинил материјална штета во вредност од околу 172.000 денари, уништувајќи го инсталираниот противпожарен систем во објектот.

Тој бил приведен во полициска станица и во целост го признал и го појаснил начинот на извршување на делото.

По комплетирање на службениот материјал против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно чл.236 од Кривичниот законик.

Коронавирус