сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Радовишанец тешко повреден откако паднал од мопед

Радовишанец тешко повреден откако паднал од мопед
илустрација

На 11.07.2020 во 17.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица, во близина на с.Штурово, Д.П.(39) од Радовиш, управувајќи мопед марка „јјинг“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал.

-Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Коронавирус