сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 68
home Хроника

Рачни бомби пронајдени кај лице од Дебар

Рачни бомби пронајдени кај лице од Дебар

Вчера од страна на полициски службеници извршен бил претрес во куќа и помошни простории, сопственост на Р.Р.(59) од Дебар поради постоење основи на сомнение дека неговиот син, А.Р.(36), извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претресот пронајдена била метална кутија во која имало неколку запалки за рачна бомба и три рачни бомби, неколку рамки за различен вид оружје и 18 куршуми од различен калибар.

А.Р. бил приведен за понатамошна постапка.

Коронавирус