сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Хроника

Рачна бомба од 1944 година пронајдена во куќа во Ресен

Рачна бомба од 1944 година пронајдена во куќа во Ресен

Во Полициската станица Ресен вчера во 13 часот било пријавено дека на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Ресен, во домот на Ј.Н. била пронајдена една рачна бомба од италијанско потекло со производство од 1944 година.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Ресен, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната за понатамошна постапка.