вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 146
home Хроника

Работник загина во фабрика во Куманово, друг е повреден

Работник загина во фабрика во Куманово, друг е повреден

Педесет и седумгодишен кумановец загинал при извршување на работни задачи, додека негов помлад колега е префрлен во болница.

-На 24.09.2020 во СВР Куманово било пријавено дека околу 09:00 часот, во фабрика во Куманово, за време на извршување на работни задачи биле повредени Ч.С.(57) и Р.И.(27), и двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, Ч.С. од здобиените повреди починал, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош Куманово. Р.И.(27) бил пренесен во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Коронавирус