сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 36
Во живо

Протест во Скопје – „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Хроника

Работник во велешка фирма паднал од кров

Работник во велешка фирма паднал од кров

Вчера околу 12.00 часот 58-годишниот велешанец В.А. извршувајќи работни задачи во приватна фирма во Велес, се здобил со повреда, по што бил пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош,информира од СВР Велес портпаролот Верољуб Додевски.

Како што информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николова работникот се здобил со повреди при пад од покрив на една велешка фирма каде работел и се здобил со тешки повреди.

Работникот итно бил примен во нашата болница и сниман томографски и има повреда, фрактура на 12 тото ребро и фрактура на череп со крварење во мозокот. По укажаната медицинска помош од велешката болница со возило на Итна помош итно бил пренесен на понатамошно лекување на Клиниката за Неврохирургија во Скопје,информира д-р Неделковска Николова.

Коронавирус