вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 33
home Хроника

Работник тешко повреден, паднал од скеле

Работник тешко повреден, паднал од скеле

С.Ѓ. (23) од охридското село Велестово се здобил со тешки повреди при извршување на градежни работи  на куќа, паднал од скеле од висина од околу 6,5 метри.

Несреќата се случила околу 13.30 часот на ул. „Едвард Кардељ“ во Струга.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“во Охрид каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Коронавирус