вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 131
home Хроника

Работник се обидел да изгасне пожар во компанија, со изгореници пренесен во болница

Работник се обидел да изгасне пожар во компанија, со изгореници пренесен во болница

Во објект во „Жито Караораман – Кичево“, лоциран во близина на населбата „Горица“, утринава настанал пожар.

-При обид за гасење, со изгореници се здобил Г.Ц.(40) од Кичево вработен во компанијата. Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево каде по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување, информираат од МВР.

Со интервенција на противпожарната единица од Кичево, пожарот бил локализиран и изгаснат.