вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Хроника

Работник повреден од машина, со тешки повреди пренесен на КАРИЛ

Работник повреден од машина, со тешки повреди пренесен на КАРИЛ

Во Полициската станица Кочани, лекар од Итна медицинска помош вчера во 20 часот пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.Г.(61) од Кочани.

-Тој се здобил со повреди при извршување на работни задачи во приватна фирма во Кочани, кaде машина му ја повлекла раката. По укажаната лекарска помош во општа болница Кочани, тој бил препратен на КАРИЛ при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани и државен инспектор за труд и безбедност при работа.

Се работи на расчистување на случајот.