понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 66
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Работник од Куманово итно пренесен во болница

Работник од Куманово итно пренесен во болница

Кумановчанец се здобил со тешки повреди додека бил на работното место, па итно бил префрлен во болница.

Во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Ургентен центар Куманово однеле едно лице кое се повредило при работа во фабрика во Куманово. По преземени мерки било утврдено дека станува збор за 34-годишниот А.Н. од Куманово.

По овластување на Јавен обвинител, увид извршиле екипа од СВР Куманово и Инспектор за безбедност и здравје при работа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.