вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 185
home Хроника

ПУКАЊЕ ВО ТЕТОВО ВО БЛИЗИНА НА УЧИЛИШТЕ: Оштетени се прозорците- еве ги деталите

ПУКАЊЕ ВО ТЕТОВО ВО БЛИЗИНА НА УЧИЛИШТЕ: Оштетени се прозорците- еве ги деталите
фото илустрацијаа

Денеска околу 9 часот во СВР Тетово, пријавено е дека изминатата ноќ, засега непознат сторител, со истрели од огнено оружје оштетил неколку прозорци од објектот на Средното теолошко училиште „Медреса Иса Беу“, лоциран на улица „Пробиштипска“ во Тетово.

Општетени се прозорци на првиот и погорните катови, односно светларници.

Увид извршила екипа на СВР Тетово.

Пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење се неколку проектили и чаури и се работи на расчистување на случајот.

Локални избори 2021