вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Хроника

Пукање во скопско, едно лице повредено

Пукање во скопско, едно лице повредено

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера вечерта било пријавено дека во скопското село Студеничани бил пронајден со повреди од огнено оружје Е.Ш.(28) од село Марино.

-Тој бил застрелан со повеќе истрели од огнено оружје од лицето К.А.(41) од с. Студеничани од возило во движење. На настанот му претходела тепачка меѓу двајцата, информираат од МВР.

Е.Ш. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.