четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 118
home Хроника

ПУКАЊЕ ВО САРАЈ: Две лица повредени- еве ги деталите

ПУКАЊЕ ВО САРАЈ: Две лица повредени- еве ги деталите

Полициски службеници од СВР Скопје, на 28.07.2021 во 01.30 часот, ги лишиле од слобода А.Ќ.(23), М.Ќ.(30) и Г.Ќ.(25), сите од с.Бојане, скопско, поради сомнение дека на 27.07.2021 околу 22.40 часот, пред угостителски објект во с.Сарај, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир, поради претходно меѓусебно нетрпение, во кое биле употребени огнено оружје и остар предмет.

Притоа со повреди од огнено оружје се здобил В.Ќ., a со повреди од остар предмет Ф.М., по што биле пренесени во Градска општа болница „8 Септември“, односно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Трите лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус