недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 53
home Хроника

Пукање во Прилеп: Две лица повредени, се трага по сторителите

Пукање во Прилеп: Две лица повредени, се трага по сторителите

Две лица се повредени при случај со пукање од огнено оружје во угостителски објект во Прилеп. На двете лица им е укажана медицинска помош во Прилепската болница, а полицијата трага по сторителите.

Како што информираат од МВР, рано утринава околу три часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје.

-Прилепски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати две лица, едното со иницијали М.М.(43) од Прилеп и вториот со иницијали О.И.(28) од селото Лажани, прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се уште се трага по сторителите за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Коронавирус