вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Хроника

Пукање во Кондово, пресметка меѓу две семејства

Пукање во Кондово, пресметка меѓу две семејства

На 22.10.2020 во 18,03 часот било пријавено дека во с.Кондово-скопско бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу членови на две семејства.

-Имено, според пријавеното, во дворот од куќата сопственост на Т.Ф.(45) дошле браќата Ф.Љ. С.Љ. и Ф. Љ. и физички го нападнале сопственикот, а потоа и С.Ф.(45), Р.Ф.(21) и 15 годишен малолетник. Полициски службеници излегле на местото на настанот и бил пронајден нож, како и две чаури за кои Т.Ф. посочил дека биле испукани од пиштол од страна на Ф.Љ. Во 21,00 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени С.Љ. и Ф.Љ. со повреди од остар предмет, информира МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус