сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 52
home Хроника

Пукање во Чаир, повреден функционер на ДУИ

Пукање во Чаир, повреден функционер на ДУИ

Едно лице е повредено во вооружен напад попладнево во Чаир, потврдуваат од МВР.

Според првичните информации на полицијата вооружениот напад се случил околу 17:45 часот на улицата „Лазо Трповски“ при што било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната потколеница.

Неофицијално, во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н..

Повредениот В.Б е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде според прични информации се наоѓа надвор од животна опасност.

Мотивите за нападот не се познати. Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот, но повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на увидот.

Телма телевизија објави дека повредениот е Ваљон Беља од ДУИ кој пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.