вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 106
home Хроника

Пукање во Центар: Скопјанец баран со потерница забележан од полицијата

Пукање во Центар: Скопјанец баран со потерница забележан од полицијата

На бул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, вчера околу пладне полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Е.Ш.(31) од с.Шишево, скопско, кој се барал по потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за сторени кривични дела по член 123 и член 396 од Кривичниот законик.

-Е.К. бил забележан на булеварот и кога му бил даден знак за застанување тој извадил пиштол и го вперил во полициските службеници, по што тие испукале два предупредувачки истрели во воздух и набргу потоа тој бил фатен и приведен во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Коронавирус