сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Хроника

Пукање во Бутел, повредени две лица

Пукање во Бутел, повредени две лица

Вооружен напад попладнево се случил во населбата Бутел, неофицијално дознава Курир.

Според информациите со кои располага Курир, во инцидентот на кој му претходело тепање наводно учествувале и двајца припадници на полициските Алфи. Засега не е познато дали истите биле службено или цивилно вклучени во настанот.

Неофицијално повредени се две лица, кои се пренесени во болница.

Од МВР побаравме официјален став во врска со настанот, но засега нема одговор.