недела, 26. мај 2019. Вести денес: 66
home Хроника

Првоодделенка се лизнала додека пиела вода- Итно донесена на Ургентен

Првоодделенка се лизнала додека пиела вода- Итно донесена на Ургентен

Околу 12.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во село Топлица, гостиварско, седумгодишна ученичка паднала во кругот на училиштето и се здобила со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, за време на одмор, обидувајќи се да се напие вода од чешмата во кругот на училиштето, девојчето се лизнало и паднало.

По укажаната лекарска помош во болницата во Гостивар, била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.