Краток спој на електричната инсталација меѓу компјутерот и фискалната каса е причина за пожарот кој избувна во кафулето „Фонтана“ во трговскиот центар „Мавровска“ во Скопје, пишува„360 степени“.
Ова се првичните информации од увидот што го направиле вештак и инспектори од МВР на местото на настанот. Увидот е завршен и се очекува и официјална информација од надлежните.
Пожарот во полиција бил пријавен рано утрото во 1:50 часот. Повредени лица нема, а според сликата од лице место, може да се види дека во целост изгоре терасата од кафулето.