недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Првенство на минување причина за тепачка во Скопје

Првенство на минување причина за тепачка во Скопје

На 23.09.2018 година во 22,00 часот било пријавено дека пред ресторан на улицата “Цветан Димов” нарушен бил јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу лицата А.Е.(19) и А.Е.(31) од една страна и А.М.(25) сите од Скопје од друга страна.

До нарушувањето дошло поради претходно недавање првенство во сообраќајот. Лицата биле приведени во Полициска станица и по целосно документирање на случајот изготвени се три записници за констатиран прекршок по член 11 став 2 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Коронавирус