вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Против 14 лица во Скопје поведена постапка за непочитување здравствени прописи

Против 14 лица во Скопје поведена постапка за непочитување здравствени прописи

Основното јавно обвинителство Скопје против 14 лица поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈО, обвинетите без дозвола се движеле за време на важечки полициски час со што не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

За обвинетите е предложена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​ (МИА)

Коронавирус