понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Прослава во Берово заврши со кривични пријави за 15 лица

Прослава во Берово заврши со кривични пријави за 15 лица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против правно лице и против Д.Ј.(23), Г.Ш.(23), А.Т.(29), А.М.(25), Г.П.(35), сите од Пехчево, И.Б.(21), А.П.(28), В.К.(28), М.Д.(23), Д.Р.(31), Ѓ.А.(26), Б.Б.(38), К.М.(22), М.Б.(28) и Н.Р.(25), сите од Берово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно  член 206 став 1  од Кривичниот законик.

Пријавените, на 17.01.2021 околу 18.25 часот во просториите на правниот субјект во Берово организирале и зеле учество на прослава во затворен простор со што за време на епидемија не се придржувале според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

Коронавирус