сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 12
home Хроника

Пронајдено починато лице кај Миравци, познат неговиот идентитет

Пронајдено починато лице кај Миравци, познат неговиот идентитет

Во близина на Шумското складиште кај село Миравци, вчера било пронајдено тело на починато лице, соопшти денеска СВР Струмица.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а екипа од полициската станица во Гевгелија констатирала дека се работи за лицето Н.С. (55) од село Давидово.

По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција. (МИА)