вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Хроника

Пронајдено оружје во „Ауди 4“ – приведени тројца млади скопјани

Пронајдено оружје во „Ауди 4“ – приведени тројца млади скопјани

На 21.07.2019 околу 00.05 часот во  атар на с.Радибуш, општина Ранковце, полициски службеници запреле патничко возило „Ауди 4“со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.И., а управувано од М.К.(26) од Скопје, а како сопатници биле Е.Л.(32)  од Скопје и К.Т.(21) од Скопје.

При преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол „GAP“ калибар 9мм, пет куршуми и една рамка за пиштол, за кои немале никакви документи. По наредба наЈавен обвинител, одземено било и возилото. Лицата биле приведени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.