среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Хроника

Пронајдени оружје и дрога при претрес во Скопје (ФОТО)

Пронајдени оружје и дрога при претрес во Скопје (ФОТО)

Денеска (17.05.2022) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиена судска наредба за претрес на дом и други простории, извршија претрес кај Т.Ч. (38) од Скопје.

При претресот пронајдени се пиштол марка „берета“, пиштол марка „гризли“, 20 куршуми кал.6,35, сигнален пиштол со муниција за истиот и воздушна пушка, кои лицето ги поседувало без дозволи. Исто така, за време на претресот пронајдени се една грутка и една паковка со бела прашкаста материја и вага со остатоци од бела прашкаста материја. Т.Ч. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.

Коронавирус