вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 106
home Хроника

Пронајдени над 200 куршуми кај жител на тетовско

Пронајдени над 200 куршуми кај жител на тетовско

При претрес во домот на жител од тетовското село Глоѓи полицијата пронашла над 200 куршуми за пиштол, што нелегално ги поседувал, соопшти полицијата.

-Вчера во периодот од 13:30 до 15:30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на К.Н.(64) во село Глоѓи, Тетовско. При претресот биле пронајдени и одземени 185 куршуми за пиштол калибар 7,62 милиметри и 40, исто така, куршуми за пиштол, калибар 6,35 милиметри, за кои К.Н. не поседувал соодветна документација. К.Н. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, се наведува во денешниот полициски билтен.

Коронавирус