Вчера околу 21.30 часот во с.Водоча, струмичко, полициски службеници запреле возило „фолксваген пасат“ со скопски таблици и возило „ауди А6“ со струмички таблици.
Веднаш по запирањето на возилата, возачите на двете возила излегле и се дале во бегство, а во возилата биле пронајдени 21 мигрант од Авганистан, Пакистан и Ирак (10 во ПМВ Пасат, а 11 во ПМВ Ауди). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.