недела, 5. декември 2021. Вести денес: 78
home Хроника

Пронајдени две неексплодирани гранати од Првата светска војна

Пронајдени две неексплодирани гранати од Првата светска војна

Неексплодирани гранати од Првата светска војна се пронајдени вчера во атерот на прилепското село Алинци и гевгелиското село Мрзенци. За двата случаи полицијата била информирана од локални жители, по што гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Гранатата во прилепско е пронајдена во атарот на село Алинци од страна на Б.К.(70) од Прилеп кој случајот го пријавил во Полициската станица Прилеп – Полициска канцеларија Тополчани.

-Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека станува збор за артилериска граната од 155 мм од Првата светска војна. Бил извршен и увид, информираат од МВР.

Во гевгелиско, гранатата е пронајдена во село Мрзенци, а пронаоѓањето во Полициската станица Гевгелија го пријавил Л.Л. од село Мрзенци.

-Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека станува збор за неексплодирана граната со калибар од 105 мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната, а увид извршила екипа од ОВР Гевгелија, се вели во соопштението од МВР.

Коронавирус