петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Хроника

Пронајдени 45 мигранти во село Ваксинце, Липково

Пронајдени 45 мигранти во село Ваксинце, Липково

Синоќа во 19.10 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот било пријавено дека на место викано „Врело“ во село Ваксинце, Липково, било затекнато товарно возило „ивеко дејли“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое се дало во бегство.

– Во возилото биле пронајдени 45 лица мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и палестинските територии. Мигрантите биле сместени во Транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснуваат од МВР. (МИА)

Коронавирус