четврток, 5. октомври 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдени 15 мигранти од Египет кај Лојане

Пронајдени 15 мигранти од Египет кај Лојане

Петнаесет мигранти од Египет се пронајдени синоќа пред влезот на село Лојане, општина Липково.

Како што соопшти МВР, во 22:10 часот на местото викано „Обиколница Костурник“ , во близина на граничниот премин „Табановце“, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила, „мерцедес“ и „ауди“, но тие не застанале и веднаш се преземени мерки за нивно пронаоѓање.

При пребарување на реонот, пред влезот на Лојане ги пронашле мигрантите кои потоа се пренесени во Прифатниот центар Табановце.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.