сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 35
home Хроника

Пронајдена неексплодирана граната во индустриската зона Ќојлија

Пронајдена неексплодирана граната во индустриската зона Ќојлија

Во текот на вчерашниот ден во 10:00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, А.С.(49) од село Марино, скопско, пријавил дека истиот ден, додека вршел ископ со багер во индустриската зона Ќојлија на парцела во сопственост на фирма, пронашол неексплодирана граната, информираат од МВР.

Бил извршен увид на местото, а од вработен во Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била подигната од местото.

Коронавирус