четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 73
home Хроника

Пронајдена марихуана во дом на млад велешанец: Поднесена кривична пријава, лицето лишено од слобода

Пронајдена марихуана во дом на млад велешанец: Поднесена кривична пријава, лицето лишено од слобода

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Ј.(20) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори“ по чл.215 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба на 25.11.2021, од страна на полициски службеници била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето е лишено од слобода и од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор.

Коронавирус