петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајден возачот кој удри во пешак и избега од местото

Пронајден возачот кој удри во пешак и избега од местото

Од тетовската полиција денеска информираа дека е откриен идентитетот на возачот кој во саботата е пријавен дека учествувал во сообраќај при што е повреден пешак, а по што заминал од местото.

Станува збор за 44 годишен жител на Тетово.

– Вчера околу 13 часот и 30 минути, на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го пронашле возилото „фиат браво“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 44-годишниот тетовец Е.М, кое учествувало во сообраќајната несреќа со тешко повреден пешак, што се случила на 23 овој месец на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, а кое веднаш го напуштило местото. Возилото е одземено за вештачање, а против Е.М. ќе следува соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во сообраќајката беше повреден 57 годишник од Мала Речица.

Коронавирус