понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 148
home Хроника

Пронајден убиецот на скопјанецот кој беше застрелан пред две години во Чаир

Пронајден убиецот на скопјанецот кој беше застрелан пред две години во Чаир

Полицијата соопшти дека го пронашла убиецот на 24-годишниот скопјанец, Бурим Идризи, кој беше убиен пред две години, пред угостителски објект на улицата „Џон Кенеди“  во Чаир.

Убиството го извршил 29-годишник со иницијали О.А., кој денеска бил пронајден на локалниот пат Зелениково-Моране и приведен од страна на полициските службеници.

Убиството се случи пред две години, кога од возило во движење беше пукано кон момчето. Тогаш полицијата соопшти дека Идризи со возило на итната медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде починал, а убиецот се дал во бегство. Според информациите од полицијата, на убиството му претходела расправија.