петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 83
home Хроника

Пронајден мртов маж на улица во Штип- имал повреди на главата

Пронајден мртов маж на улица во Штип- имал повреди на главата

Во Штип на ул. „Стујеска“, изутрината во 7:45 часот е пронајдено беживотното тело на 62-годишниот Т.Б..

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека според првичните информации, кај 62-годишниот штипјанец констатирани се видливи повреди на главата.

Во моментов од слобода се лишени три лица од Штип во координација со јавен обвинител заради водење информативен разговор.

Во моментов крим полиција и јавен обвинител се на терен и работат на расчистување на настанот.

Панајотова вели дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали околу овој случај.

Коронавирус