сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 5
home Хроника

Приведено момче од Прилеп за предизвикување пожар во обложувалница- ја полеал и запалил со бензин!

Приведено момче од Прилеп за предизвикување пожар во обложувалница- ја полеал и запалил со бензин!

Прилепската полиција поднесе кривична пријава и го приведе дваесет и шестгодишниот Д.М. од Прилеп поради сомневање дека предизвикал пожар во спортска обложувалница во овој град.

– Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 31.08.2020 во 00.50 часот пријавениот со запаливо средство предизвикал пожар во спортска обложувалница на ул.„Битолска“ во Прилеп. Д.М. е задржан во ПС Прилеп за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Коронавирус