недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лицето кое запали возила на ЕВН во Тетово

Приведено лицето кое запали возила на ЕВН во Тетово

Полицијата го пронашла и привела лицето кое се сомничи дека синоќа запалило две возила сопственост на ЕВН.

Според информациите од МВР, во 1:20 часот по полноќ на улицата „Ленин“ лишен од слобода и задржан во полициска станица бил К.О. (43) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување на општа опасност“.

Инаку, тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.

-Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, изјави Ука Алити, командант на Тетовската терирторијатла противпожарна единица.

-Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, изјави Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица.

Коронавирус