недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 247
home Хроника

Приведено лице од Скопје, по распишана централна потерница

Приведено лице од Скопје, по распишана централна потерница

На 27.09.2021 во 17:20 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници од Оперативен тим Потраги од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода З.Ч.(46) од Скопје.

За него била распишана централна потерница, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Локални избори 2021