четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице кое се барало со потерница за издржување казна затвор

Приведено лице кое се барало со потерница за издржување казна затвор

На 10.04.2021 во 17.30 часот на место викано „Соларна централа“ од полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Старавина е приведен О.С.(40) од Прилеп, кој се превезувал во патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки. При направена проверка било констатирано дека за него е распишана потерница за издржување на казна затвор.

Лицето е предадено во Казнено поправна установа Затвор Битола.

Коронавирус